skip to Main Content

Проекција на франкофонскиот филм „Денес“

Проекција на франкофонскиот филм „Денес“
  • 28.03.2018

Вечерва (среда, 28 март) во 20 часот во Кинотеката на Македонија ќе биде прикажан франкофонскиот филм „Денес“. Се работи за извонредна француско-сенегалска драма од 2011 година во режија на Ален Гомис, со Сол Вилијамс, Ајса Мајга и Анисија Изејман во главните улоги.

„Денес“ е добитник на бројни награди и е опишан како „вистинска нежна ода на убавината на животот“ (Премиер). Филмот е со превод на македонски јазик и се прикажува во знак на одбележување на месецот на Франкофонијата во Македонија.

Back To Top