skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Јанева со полициска придружба замина за Гевгелија
Законски нејаснотии кој ќе управува со СЈО по приведувањето на Јанева
Судењето за „Монструм“ одложено за 5 септември
Се запали автубус на ЈСП во Ѓоче Петров
Косовското Собрание се самораспушти, се очекува датумот за избори
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Привршуваат подготовките за 58. Струшки вечери на поезијата

Привршуваат подготовките за 58. Струшки вечери на поезијата
  • 15.07.2019

Повеќе од 30 поети од повеќе земји во светот го потврдиле своето присуство за 58. Струшки вечери на поезијата, информираше денеска дирекцијата на фестивалот.

Покрај добитничката на Златниот венец, романската поетеса Ана Бландијана, како и добитничката на „Мостови на Струга“, младата хрватска поетеса Моника Херцег, според соопштенито од СВП, присуство потврдиле Рафаел Солер од Шпанија, Сачиданандан од Индија, Миа Лекомт од Италија, Иштван Кемењ од Унгарија, Јоргос Јанопулос од Грција… Ќе бидат претставени и поети од земјава меѓу кои и оние што ќе влезат во потесниот избор за наградата „Браќа Миладиновци“.

– Во рамки на изданијата на Струшките вечери, освен луксузната монографија за добитничката на Златниот венец, во завршна подготовка се книгата на добитничката на наградата „Мостови на Струга“, книгата на минатогодишниот добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ во превод на англиски јазик, четирите буклети на поетите во рамки на платформата Версополис, но исто така, во завршни подготовки е и тематската антологија во која ќе бидат претставени најреномираните македонски поети, соопшти дирекцијата на СВП.

Покрај традиционално востановените програмски содржини, кои се препознатливо обележје на СВП, предвидени се и нови програмски содржини што ќе придонесат за поголема отвореност и видливост на Фестивалот.

– Струшки вечери на поезијата има намера да ја подигне јазичната комуникација на фестивалот како дел од заложбите за унапредување на квалитетот на манифестацијата, нејзиниот меѓународен углед и значење, но и да го унапреди односот кон својата публика и граѓаните. Во таа насока дел од содржините, а особено главните фестивалски читања и комуникацијата со јавноста ќе вклучува повеќе јазици. Освен досегашните македонски и англиски, ќе користиме и албански и француски јазик, се вели во соопштението.

Користењето на македонскиот и на албанскиот јазик, како што е наведено, е во корелација со владините јазични политики, со законот за јазици и во духот на новата стратегија за едно општество и интеркултурализам.

Back To Top