skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Раскинувањето на Договорот за Казандол законито пресуди Управниот суд
На хирургија во Струга заболени девет здравствени работници од морбили
Прво писмо на Асанж по апсењето: Обиколен сум со убијци, не ми даваат да се бранам
Утре на Бихаќка и дебата за промена на кадри во извршната власт
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Претставник на Стрип-центарот на Македонија учествуваше на колонијата „Рашка 2018“

Претставник на Стрип-центарот на Македонија учествуваше на колонијата „Рашка 2018“
  • 09.08.2018

Сценаристот Александар Стеванов од Штип беше претставник на Стрип-центарот на Македонија со седиште во Велес на 7. Меѓународна стрип-колонија „Рашка 2018“ која деновиве се одржа на брегот на Семетешко Езеро, во близина на Рашка во Србија. Покрај Стеванов, на колонијата учествуваа и автори од стрип-школите од Белград, Лесковац, Никшиќ и од домаќинот Рашка.

Во рамки на колонијата беше промовиран петтиот број на српската стрип-ревија „Рас комик“, во која е објавен стрип од 12 страници на  Стеванов  и на илустраторот Дарко Богданов од Виница.

Од СЦМ-Велес информираат дека меѓу триесетината учесници на колонијата „Рашка 2018“ биле авторите Владимир Весовиќ, Горан Трајковиќ, Милош Цветковиќ, Илија Никчевиќ и Машан Савелиќ, а предавања одржале членови на некогашната култна уметничка група „Београдски круг 2“, Жељко Пахек и Бојан Ѓукиќ.

– Покрај споделените искуства и договорените идни меѓународни проекти и соработки, на маргините на оваа манифестација беше претставен дел од поновата македонска стрип-продукција, вклучително и последните два броја на магазинот „Стрип креатор“, информираат од СЦМ-Велес.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top