Coming soon
Coming soon
Coming soon
skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Продолжува комисиската расправа за одземање на имунитетот на Вељаноски
В понеделник оставка од Котевски, но и извештај од истрагата за инцидентите
Манчевски: Неколку дена пред Конгресот на СДСМ ќе биде познат кандидатот за претседател
Осудените за „Диво насеље“ со отворено писмо до Ахмети, Груевски и Мијалков
Мицкоски: Поддршката за Силјановска Давкова е поддршка за правната држава
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ

Претстави и концерти од средината на јануари

Претстави и концерти од средината на јануари
  • 03.01.2019

Театрите во Скопје од средината на месецов ќе ги прикажат првите претстави во 2019 година. Македонската опера и балет традиционалниот концерт за празникот Василица ќе го изведе на 12-ти и на 13 јануари. Годинава тој е насловен „Диско треска“ и ќе содржи диско хитови од 1970-тите години во целосно нови симфониски аранжмани.

Првата претстава на репертоарот на Македонскиот народен театар е „Не се клади на Енглези“ на 14 јануари, а во наредните два дена публиката во МНТ ќе може да ја види претставата  „Животот е прекрасен“.

Во Драмски театар првата претстава е закажана за 15 јануари – „Странци“, по која следно на програмата, според објавениот репертоар, е „Крал Иби“ на 23 јануари.

Театарот за деца и младинци на 10 јануари ќе ја изведе претставата „Оливер Твист“, а наредниот ден – „Пепелашка“.

Првиот симфониски концерт на Македонската филхармонија во 2019 година е на 24 јануари, со солистот Лусјен Ренодин-Вари и диригентот Петер Феранец.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top