skip to Main Content

Премиера на „Хамлет“ во кино Култура

Премиера на „Хамлет“ во кино Култура
  • 15.12.2018

Во кино Култура денеска ќе биде изведена премиера на театарската претстава „Хамлет“ од Вилијам Шекспир.

– „Да бидеш или не“ во оваа претстава не одекнува како прашање, туку како одговор. Прашањето кое се поставува е „КАКО да бидеме“? Претставата е истовремено и мека и цврста, и елегантна и груба со својата жестокост. Ова е прва независна постановка на Хамлет во Македонија и го прикажува политичкото будење на младиот човек. Тоа е драматичен процес, исто како и спознавањето на механизмите на политичката игра, истакнува режисерот Милош Б. Андоновски.

Оваа претстава е дел од проектот „Направете место за младите театарџии“ со кој Театарот на Навигатор Цветко и Кино Култура имаат цел да поттикнуваат нова театарска продукција и да афирмираат млади автори.

Back To Top