skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Атина бара исполнување на сите обврски од Договорот од Преспа
Пратеници бараат изборен модел со една изборна единица
Тимот на СЈО разрешен, предметите во рацете на Јовески
ВМРО-ДПМНЕ бара смена на Русковска – на шефовското место да седи професор

Премиера на „Пурпурен остров“ во струмичкиот театар

Премиера на „Пурпурен остров“ во струмичкиот театар
  • 02.09.2019

НТ „Антон Панов“ од Струмица утревечер премиерно ќе је изведе претставата „Пурпурен остров“ од Михаил Булгаков во режија на Наташа Поплавска, која по 21 година повторно режира во струмичкиот театар.

Најновото остварување на струмичките театарски ансамбл е пиеса во четири чина со пролог и епилог. Според режисерката Поплавска, станува збор за алегорија на општеството во минатиот век во Русија.

– Делото е напишано пред 100 години, а токму неговата безвременост покажува зошто некои автори се безвремени, какви што се Булгаков, Чехов или Шекспир. Интересно е што низ оваа алегорија, применувајќи игра која потекнува од буфонадата, натаму сатирата, потоа испреплетено со многу движења ја создадовме претставата блиску до нашето време, а сепак таа посочува на некакви проблеми кои се случувале пред 100 години. Интересно е како историјата ги врти своите кругови не само во Русија, не само во некогашна Југославија, не само во денешна Македонија, туку секаде во светот, рече режисерката Наташа Поплавска на денешната прес конференција пред премиерата на „Пурпурен остров“.

Покрај актери од повозрасната генерација, во претставата настапуваат и млади актери, меѓу нив и Танкица Стојанова.

-Успеав да научам нови работи, кои не се учат на драмските студии. Не беше лесно да се работи во овие топли денови, каде сите сме облиени со пот, но таа пот има само еден заклучок и еден излез-тоа е како ние работиме и како треба сите да работиме за на крајот да стигнеме до делото што сакаме да го прикажеме пред публиката, рече актерката Стојанова.

Во претставата настапуваат: Стојан Велков-Трн, Горан Ников, Оливера Аризанова-Мансбарт, Кољо Черкезов, Танкица Стојанова, Ванчо Василев, Агелина Тренчева Ангелова, Ванчо Мелев, Коста Ангов, Ацо Гогов, Игор Тодоров и Кире Ѓорѓиев.

Back To Top