skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Грчки воени авиони почнаа да прелетуваат на небото над Македонија за потребите на НАТО мисијата „Air Policing“
Заев: Ќе има политичка криза ако не добиеме датум за преговори
Бродот на мирот со порака за Договорот од Преспа пристигна на атинското пристаниште Пиреа
Китанов: Автопатот Миладиновци-Штип, според проектот, е готов
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Премиера на „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ вечер во „Синеплекс“ и утре во „Милениум“

Премиера на „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ вечер во „Синеплекс“ и утре во „Милениум“
  • 14.03.2019

По неверојатниот успех на Берлинскиот филмски фестивал и освоените две награди (престижната наградата на екуменското жири и наградата на германскиот еснаф на независни киноприкажувачи), филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ на режисерката Теона Стругар Митевска, ќе ја има македонската премиера вечерва во киното „Синеплекс“ и утре во киното „Милениум“ во Скопје, а наредните денови во редовниот кинорепертоар.

„Сестри и брат Митевски продукција“ информираат дека француската компанијата за продажба „Пирамид“, што ги откупи правата за продажба, успеа филмот да го пласира во 28 земји низ целиот свет. Прикажувањето на филмот започнува во Франција од 1 Мај, па потоа Петрунија продолжува во кино дистрибуција низ целиот свет од Далечниот Исток во Кина, Јапонија, до Австралија, преку Јужна Америка во Бразил и Колумбија, па на север до Канада, преку Турција и земјите од Блискиот Исток, до источна Европа вклучително Русија, Полска, Романија, Унгарија, Украина, па во западна Европа Италија, Шпанија, Белгија, Австрија, Луксембург, Шведска, Данска, и Швајцарија, до речиси секаде во соседството во Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Црна Гора и Грција.

Агентот за продажба „Пирамид“ потенцира дека неверојатно добрите рекации на публиката во Берлин и добрите критики на светските критичари придонесоа за овој исклучително голем интерес од дистрибутерите, а пак голем дел од нив веќе го имаа откупено филмот и за време на самиот Берлински фестивал.

Филмот исто така е продаден и на телевизиската куќа ХБО (HBO), која ќе почне со прикажување откако ќе заврши светската кино дистрибуција, се наведува во соопштението од „Сестри и брат Митевски продукција“.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top