Coming soon
Coming soon
Coming soon
skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Обвинителството го стави под лупа бегството на Груевски
1ТВ ја презеде медиумската лидерска позиција
Европските Зелени го обвинуваат Орбан дека се обидува да предизвика конфликт
Заев: Груевски е кукавица, категорично ги отфрлам сите шпекулации за каков било политички договор со него
Груевски илегално влегол во Албанија, а со пасош излегол на границата со Црна Гора
Иванов одбива каква било инволвираност во врска со донесената судска одлука за Јанакиески
Заев-Борисов: Нашите две земји се пример за новата реалност на Балканот
1ТВ достапна на Тотал ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK

Предавање во рамки на изложбата „Духовите на Африка“

Предавање во рамки на изложбата „Духовите на Африка“
  • 08.11.2018

Во рамки на гостинската изложба „Духовите на Африка“, која од минатиот месец е  отворена во Музеј на Македонија, денеска напладне музејот организира предавање на тема: „Африканскиот колонијализам и воајеризам: разликата како спектакл“ на проф. д-р Илина Јакимовска од Институтот за етнологија и антропологија при Природно-математичкиот факултет.

-Предавањето ќе се концентрира на начинот на кој визуелно биле претставувани африканските индивидуи на крајот на 19. и почетокот на 20 век. „Панаѓурското“ изложување на претставници на африканските народи пред љубопитните погледи на жителите на Европа и САД имало цел да создаде контраст помеѓу наводното дивјаштво на првите, и „цивилизираноста“ на вторите. Акцент на предавањето ќе биде ставен врз судбините на Конгоанецот Ота Бенга и Јужноафриканката Сара Бартман, како парадигматични за конструирањето стереотипи поврзани со расата и различноста, чие ехо одекнува и денес, наведува Музејот на Македонија.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top