skip to Main Content

Превод на стихозбирката „Вистинскиот момент” од Дагмар Доровска

Превод на стихозбирката „Вистинскиот момент” од Дагмар Доровска
  • 23.10.2018

„Вистинскиот момент” е насловена стихозбирката на Дагмар Доровска која „Везилка 2011” ја објави на македонски јазик. Препевот на книгата од чешки јазик го направи Ристо Лазаров.

Тој е автор и на кусиот поговор кон книгата, нагласувајќи дека „јазикот на тагата и на светлината се испреплетуваат во оваа книга пред овие колку кревки, толку и стамени стихови, пред чудесните бои на меланхолијата, но и на вкупната живеачка“. Оваа книга, се заклучува во поговорот, ни дава ретко задоволство да уживаме во убавината на едноставноста.

Back To Top