skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
ДКСК: Заев не може да биде премиер и министер за финансии
Заев: Го повлекувам предлогот да бидам и министер за финансии, иако уставот и законите го дозволуваат тоа
Атанасов: Сакав да бидам министер, бидејќи во образованието се прави малку
Весел Мемеди ќе поднесе оставка од функцијата потпретседател на Собранието
Шекеринска: Северна Македонија ќе учествува на сите сензитивни дискусии во НАТО
Димитров: Бугарија и Македонија ќе најдат начин низ пријателство и почит да го решат прашањето за Гоце Делчев
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Прва енциклопедија за деца за основоположниците на современата македонска уметност

Прва енциклопедија за деца за основоположниците на современата македонска уметност
  • 15.04.2019

Прва енциклопедија за деца за основоположниците на современата македонска уметност беше промовирана на денешното одбележување на 15 Април – Светскиот ден на уметноста. Изданието е проект на Центарот за визуелна комуникација „Ефектива“, а автор на енциклопедијата е Елизабета Баковска. Проектот е поддржан од Националната галерија на Република Северна Македонија и општина Центар, информираат од „Ефектива“.

– Првпат во Македонија е создадена енциклопедија за основоположниците на македонската современа уметност чија целна публика се пред сè децата. Ова е дело кое ја допира суштината. Суштината е дека публиката треба да ја создадеме, а таа се создава од мали нозе, вели Софија Семенпеева од „Ефектива“.

Од Центарот велат дека главната вредност на ова дело е што е создадено на специфичен јазик со цел да успее на едноставен начин да допре до најмладата публика и да ја поттикне љубопитноста на децата за една особено значајна тема.

Во рамките на одбележувањето беше одржана и трибина на тема „Значењето на уметноста во развојот на децата и општеството“, на која се отворија суштински и општествено важни прашања за значењето на уметноста во растот и развојот на едно општество.

Беа доделени и награди на 12 ученици од основните училишта што по повод одбележувањето на 15 Април твореа на тема „Општеството кое јас го создавам“.

Центарот „Ефектива“ ќе донира по 15 енциклопедии за деца во сите основни училишта на територијата на општина Центар, се наведува во соопштението од „Ефектива“.

Back To Top