skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Хан ја повика ЕУ да отвори преговори со Северна Македонија во најбрз можен рок
Могерини: Се надевам на позитивна одлука за преговори со Северна Македонија и Албанија
Рама: Пендаровски е претседател со кој треба да се гордееш, Мета не тера да се чувствуваме засрамено
Од денеска нови регистарски таблички со NMK
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Почнува „Иновамак 2018“

Почнува „Иновамак 2018“
  • 21.09.2018

Изложувачи од 20 држави се очекува да се претстават на Вториот меѓународен саем на патенти, пронајдоци, иновации и нови технологии „Иновамак 2018“ што ќе се одржува од денеска до 23 септември во Домот на АРМ.

Саемот го организира Националната асоцијација на пронаоѓачите на Македонија (NAIM) која е полноправна членка и единствен легитимен претставник на земјава во Светската федерација на асоцијации на пронаоѓачи (IFIA).

IFIA е покровител на „Иновамак 2018“, а поддршка обезбедија  Министерството за одбрана, Фондот за иновации, Државниот завод за индустријска сопственост, Електрани на Македонија (ЕЛЕМ) и приватни компании.

Саемската манифестација предвидува награди: златни, сребрени и бронзени, како и медали, плакети, пехари, дипломи и благодарници.

До крајот на годинава НАИМ ќе настапи на саемите во Канада, Русија и Бугарија, а во постапка се договорања и за настапи на саемите во три индокинески држави.

Back To Top