skip to Main Content

Почна фестивалот на забавни мелодии „Макфест“

Почна фестивалот на забавни мелодии „Макфест“
  • 04.10.2018

Со кревање на фестивалското знаме почнува Фестивалот на забавни мелодии „Макфест“, кој оваа година се одржува на 4,5 и 6 октомври.

– На огромно мое задоволство, на задоволство на граѓаните на Општина Штип еве по триесет и трети пат оваа година се организира фестивалот на забавни мелодии „Макфест“, најдобриот фестивал во Република Македонија.Можам да кажам со сигурност дека „Макфест“ е авангарда на македонската музичка сцена, фестивал што многу значи, дава многу хитови од пред триесетина години и уште се актуелни и се слушаат, вели градоначалникот ан Општина Штип, Благој Бочварски.

Уметничкиот директор на фестивалот, Владимир Дојчиновски забележа дека оваа година имаат 32 композиции, кои ќе се изведат на сцената во Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип.

– Се надевам на добар забава, добра журка и да победат најдобрите, имаме стручно жири, радиско жири и публика во сала. Не гледам причина зошто не би било нешто во ред, вели Дојчиновски.

Првата фестивалска вечер ја отвара Сара Гигова со песната „Љубовна бура“, а завршува со песната „Јас немам ниту сон“ во изведба на познатиот македонски пејач Ѓоко Танески.

Годинава „Макфест“ се враќа во својот вообичаен термин, во октомври, со што се враќа добро познатиот есенски музички шмек во Штип. Во четврток и петок со почеток од 20:30 во Дом на Култура „Ацо Шопов“ се двете полуфинални вечери, а во сабота во истиот период е финалната вечер, после која ќе има шоу програма со пејачот Дарио.

Back To Top