skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Груевски останува во Будимпешта
Шекеринска во Брисел: Билатерални средби со министри за одбрана на НАТО земји
Ексклузивно интервју со Бојан Јовановски – петок 21:00 во Отворено Студио 1
Презентација на втор мониторинг извештај за работата на Државното правобранителство- „Заедно во борба против корупција“
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

„Пофалба на Демир Хисар“ низ објективот на девет чешки фотографи

„Пофалба на Демир Хисар“ низ објективот на девет чешки фотографи
  • 30.08.2018

Девет професори и студенти од реномираната школа за фотографии од Либерец, Чешка Република, гостуваат на уметничкото гумно во село Слоештица во рамките на одбележување на јубилејот – 15 години постоење.

Во изминативе седум дена тие посетија села на Демир Хисар за да ја овековечат магијата на пределот и духот на локалното население, а инспирирани од песната на Петре М. Андреевски „Можев да ти бидам“ – Пофалба на Демир Хисар.

Фотографите Томаш Бонхард, Јана Козакова, Роман Мацек, Ева Морицка, Алена Новакова, Шимон Пикоус, Габриела Рехакова и Франтишек Русек се предводени од нивната менторка Јана Хунтерова, која престојуваше во Слоештица и во септември 2013 како официјален фотограф на работилницата што се одржа по повод 10 години од постоењето на „Арт поинт – Гумно“.

Дел од фотографиите ќе бидат изложени во Домот на културата „Илинден“ во Демир Хисар од денеска до 7 септември во рамките на манифестацијата „Демир Хисар – град на културата, 2018“.

Back To Top