skip to Main Content

Позајмено пред 80 години: САД му вратија 1.800 древни артефакти на Иран

Позајмено пред 80 години: САД му вратија 1.800 древни артефакти на Иран
  • 02.10.2019

Иранската Влада денеска соопшти дека околу 1.800 древни наоди, позајмени пред 80 години на американскиот Универзитет на Чикаго, се вратени во Иран.

Иран му позајми неколку илјади антички предмети на Универзитетот пред повеќе од 80 години заради проучување и каталогизација. Тие беа откриени од страна на американските истражувачи во древниот град Персеполис во 1930-тите.

Предметите беа вратени во Иран од двајца професори од Универзитетот.

Ова е четврта група предмети вратени во Иран од 2004 година досега, а остануваат уште околу 17.000 наоди.

Инаку, Иран и САД, официјално, немаат дипломатски односи од 1979 година.

извор: денешен.мк

Back To Top