Coming soon
Coming soon
Coming soon
skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Тече рокот за нацрт-амандманите на Уставот, се најавува собраниско тело за помирување
Метју Палмер утре доаѓа во Македонија
За Русија остануваме Република Македонија
Трамп: САД ќе се повлечат од нуклеарниот договор со Русија
Саудиска Арабија призна дека Кашоги починал во Истанбул, 18 уапсени
Мексико ги отвори границите за жени и деца од „мигрантскиот карван“
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK

Пехчево доби фестивалска сцена и туристичко-информативен центар

Пехчево доби фестивалска сцена и туристичко-информативен центар
  • 11.10.2018

Општина Пехчево во рамки на меѓуграничниот проект „Платформа за меѓуграничен фестивалски туризам“ доби фестивалска сцена со комплетно озвучување и опрема, како и современ туристичко-информативен центар.

Како што беше соопштено денеска на прес – конференција, на која беа промовирани резултатите од проектот, ова за Пехчево значи продолжување на напорите кои општината ги прави општината за развој на туризмот.

Проектот изминатите 24 месеци го спроведуваа општина Пехчево од Македонија и Брезница од бугарската општина Гоце Делчев.

– Со туристичко-информативниот центар, туристите кои ќе го посетат Пехчево ќе имаат можност да ги добиваат сите потребни информации на едно место, што за нас ќе значи дека ќе може да ги промовираме нашите природни богатства. Исто така добиваме и современа сцена на кој покрај организирањето на постоечкиот Фестивал на дувачки оркестри, ќе можеме да организираме и голем број други манифестации и фестивали со што ќе го подигнеме културниот живот во градот, рече  градоначалникот Драган Тренчовски.

Според координаторот на проектот од Брезница, Теодорина Тодорова, соработката со Општина Пехчево овозможила развој на трансграничниот туризам и реализирање голем број инфраструктурни активности.

Координаторката од општина Пехчево, Јасминка Пашалиска Андонова, информира дека во рамки на проектот е изготвена Стратегија и студијата за развој на туризмот како насока за следните чекори на општината за развој на туризмот.

Проектот „Платформа за прекуграничен туризам во полето на култура и традиција – ФОЛКЛОР“, вреден 450.000 евра, се спроведува преку Интерег ИПА прекуграничната програма Бугарија – Македонија.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top