skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Груевски останува во Будимпешта
Шекеринска во Брисел: Билатерални средби со министри за одбрана на НАТО земји
Ексклузивно интервју со Бојан Јовановски – петок 21:00 во Отворено Студио 1
Презентација на втор мониторинг извештај за работата на Државното правобранителство- „Заедно во борба против корупција“
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Пет германски филмови за деца и млади на осмиот „Буф“

Пет германски филмови за деца и млади на осмиот „Буф“
  • 15.04.2019

Во организација на Институтот Гете во Скопје, од денеска до 20 април во Кинотеката ќе се одржува осмиот Детски фестивал за слика и филм „Буф“.

Ќе бидат прикажани пет германски филмови за деца и млади: „Џим Копче и Лукас машиновозачот“; „Љубопитниот Тоби и тајната на нашата планета“; „Тим Талер или Момчето што си ја продаде насмевката“;  „Венди 2 – пријателство засекогаш“ и „Помош, ги смалив родителите“. Проекциите се со превод на македонски и на албански јазик.

-Како и претходните години, и оваа година изгледавме многу филмови за да можеме да ви ги прикажеме најдобрите и најактуелните. Се надеваме дека за секого ќе има по нешто возбудливо, емоционално, поучно и забавно, соопштија организаторите на осмиот „Буф“.

Back To Top