skip to Main Content

Охридскиот театар со премиера на „Метод“ од Галцеран

Охридскиот театар со премиера на „Метод“ од Галцеран
  • 01.11.2018

Народниот театар од Охрид на 10 ноември на малата сцена на Центарот за култура „Григор Прличев“ премиерно ќе ја изведе претставата „Метод“ според истоименото дело на каталонскиот автор Жорди Галцеран Ферер, во режија на Ирена Стеријовска.

Делото на Галцеран, со кое тој стана познат во светската драмска јавност, со изведбата на Охридскиот театар ќе  има праизведба во Македонија. Жанровски е трилер, што е реткост на македонската театарска сцена.

Улогите ги толкуваат четворица актери: Елизабета Стефаноска, Стрезо Стаматовски, Ивица Цонев и Јаков Спасов.

Претпремиерата закажана за 9 ноември ќе биде хуманитарна и приходот од продадените билети ќе биде уплатен за помош во лекувањето на Сара Настеска.

Ова е трета премиера на Народниот театар од Охрид во оваа календарска година по претставите „Баал“ и „Стаклена менажерија“.

Back To Top