skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Радев: Ја поддржуваме Северна Македонија, но не безусловно
Лидерската средба неизвесна
Апостолакис за МИА: И двете страни да ги извлечат позитивните работи од Договорот од Преспа
Скопје и Сеул воспоставија дипломатски односи
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

„Офф фест“, Скопскиот џез фестивал и „Таксират“ извисија, Џез-фест Тетово доби 1,5 милиони денари

„Офф фест“, Скопскиот џез фестивал и „Таксират“ извисија, Џез-фест Тетово доби 1,5 милиони денари
  • 08.02.2019

Министерството за култура објави на веб страницата кои проекти од национален интерес ќе ги финансира годинава по дејности и области. На социјалните мрежи се шират реакции дека се изоставени докажани манифестации како „Офф фест“ и Скопскиот џез фестивал, а намалени се средствата за „Таксират“, додека огромни средства од буџетот ќе добијат анонимни лица и фирми.

На скандалозната распределба реагираа голем број долгогодишни музичари и организатори на културни манифестации.

-Почитувани уметници, колеги денес сум засрамен од чинот на министерство за култура, ова не е скандал, ова е срам! Денес изгуби уметноста, денес уметникот е на маргините на сопствената почит! До денешен ден секој пат во секој разговор мечтаев да ја промовирам уметноста на новите генерации, денес се срамам од себе и од сопствената кауза „еднакво општество за сите” денес го погребавме еднакво општество… Почитувани, укинувањето на Финансии за МАКФЕСТ, Валандово фест, намалување на само два проекти за Турски Театар е рамно на погребување на целата наша култура, фаворизирање на анонимуси во областа на издаваштвото и театарот е апсурд. Денес Турците, Бошњаците, Ромите, Албанците, Власите, Македонците ја изгубија сопствената душа. Повикувам ВЕДНАШ ДА СЕ УКИНЕ ГОДИШНАТА ПРОГРАМА И ОДГОВИРНИТЕ ЗА ОВОЈ УМЕТНИЧКИ ЗЛОЧИН ВЕДНАШ ДА СЕ ПОВИКААТ НА ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ. ПОЛИТИКАТА НЕ Е САМО СЛИКАЊЕ И ПРОДАВАЊЕ ДЕМАГОГИЈА!!! АЛАРМИРАВ И АПЕЛИРАВ ДЕКА ОВИЕ ПРИТИСОЦИ ЌЕ ДОНЕСАТ НЕПОПРАВЛИВА ШТЕТА. ДОЈДЕ И ТОЈ ДЕН. ЌЕ СЕ БОРИМЕ ДО КРАЈ! ДО ОСЛОБОДУВАЊЕ НА ПАРТИСКИТЕ ДВОРСКИ ИГРИ ВО КУЛТУРАТА, напиша актерот Един Јакуповиќ.

Најмногу пари годинава од музичката сфера има добиено Здружението „Артал“ од Тетово, 3,5 милиони денари или 56 илјади евра за фестивал „Меридианс“ и за концерт „Класик и рок мјузик“, додека „Таксират“ доби само 500 илјади денари, иако барале 6 милиони.

За одржување на познатиот Џез-фестивал Куманово одобрени се само 200 илјади денари, а наспроти ова, Џез-фест Тетово добива 1,5 милиони денари.

За концерти на Влатко Стефановски и Мирослав, 21 година од издавање на албумот „Крушево“, одобрени се само 250 илјади денари, иако биле побарани над 2 милиони денари.

Етно-групата „Синтезис“ биле одбиени за финансиска поддршка да настапуваат во Австралија, а одбиени биле и пари за одржување на Скопје џез-фестивал и познатиот „Офф фест“.

Предложена е поддршка за 2.781 проект од вкупно пристигнатите 5.560 проекти.

– Поддржани се издржани и добро аргументирани проекти, конципирани со квалитетни уметнички содржини, проекти преку кои се негува и поттикнува културниот диверзитет, уметничкото творештво и културниот развој. Значајна поддршка е дадена и на проектите преку кои се промовираат еднакви можности за сите (мултикултурни вредности во општеството, родова рамноправност, инклузија на лица со посебни потреби, социјално ранливи групи итн.), Во Годишната програма за 2019 година се рефлектирани и приоритетите на Министерството за култура за соодветна заштита и промоција на културното наследство во согласност со современите европски практики, зајакнување на независниот културен сектор како важен социокултурен чинител, промоција и пласман на културата на Република Македонија во меѓународни рамки, како и реализација на капитални проекти и инвестициски вложувања во Скопје и градовите низ државата, информираат од Министерството за култура.

Оттаму додаваат дека процентот на учество на Министерството за култура во финансирањето на проектите е во согласност со средствата предвидени за финансирање проекти од национален интерес во Буџетот на Република Македонија за 2019 година и бодирањето на стручната комисија од областа. Годинава, за прв пат е воведено и вредување на проектите преку бодирање, кое беше објавено заедно со поддржаните проекти.

По добиеното решение може да се поднесе жалба во рок од 15 дена до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, но, жалбата не го одлага извршувањето.

Претседатели на комисиите кои ги разгледуваа пристигнатите пријави по одделни дејности се: Леонора Сејдиу (интердисциплинарна дејност), Плеурат Гаши (фолклор, музичко-сценска дејност), Бертон Сулејмани (издавачка дејност), Петар Арсовски (драмска дејност), Трајче Блажевски (визуелни уметности), Миле Велчовски (недвижно културно наследство), Мила Шурбановска (музејска дејност и нематеријално културно наследство), Вилдане Идризи (библиотечна дејност).

Повикот за националните установи, пак, беше објавен во јуни минатата година и во рамки на законски утврдениот рок беа доставени 1.630 пријави од над 60 национални установи во областа на културата што функционираат под надлежност на Министерството за култура. Од нив беа поддржани 910 проекти.

Back To Top