skip to Main Content

Откриена изгубена слика на Пикасо 116 години откако самиот ја сокрил

Откриена изгубена слика на Пикасо 116 години откако самиот ја сокрил
  • 24.09.2019

Користејќи најнова технологија е реконструирана слика на славниот Пикасо која самиот автор ја скрил зад едно друго славно уметничко дело.

Една од најпознатите слики на Пикасо е онаа наречена „Стариот гитарист“ насликана пред 116 години за време на неговиот таканаречен „син период“ кога сликал исклучиво со сина сенка.

Токму на таа слика историчарите по уметност уште во 1998 година забележале бледа сенка на жена како да се крие во позадина. Со х-зраци и инфрацрвена светлина истата година историчарите продреле во минатото на „Стариот гитарист“, а таму наишле на друга слика, гола жена во седечка положба.

Сега на работа се фатија експерти од Лондон кои користејќи најмодерна технологија успеаја да го реконструираат скриеното дело на Пабло Пикасо.

Сепак, добиената слика не е точно онаква каква што ја насликал Пикасо бидејќи е невозможно да се реконструира до тој степен. Како и да е, добиената верзија е прилично верна на оригиналот бидејќи е реконструирана користејќи го истиот стил на Пикасо од периодот кога ја насликал.

Back To Top