skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Хан ја повика ЕУ да отвори преговори со Северна Македонија во најбрз можен рок
Могерини: Се надевам на позитивна одлука за преговори со Северна Македонија и Албанија
Рама: Пендаровски е претседател со кој треба да се гордееш, Мета не тера да се чувствуваме засрамено
Од денеска нови регистарски таблички со NMK
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Општина Охрид го распиша конкурсот за најдобар расказ „Живко Чинго“

Општина Охрид го распиша конкурсот за најдобар расказ „Живко Чинго“
  • 02.07.2018

По повод традиционалната културна манифестација „Вечер на Чинго“, Општина Охрид и оваа година распиша конкурс за најдобар расказ.

Право на учество на Конкурсот со свој расказ има секој полнолетен граѓанин на Република Македонија. Трудовите треба да се достават во печатена форма во три примероци под шифра, без лични податоци за авторот, на адресата – Општина Охрид, ул. „Димитар Влахов“ бр.57  со назнака : ЗА КОНКУРСОТ ЗА РАСКАЗ.

Авторското право  се докажува со четвртиот примерок.

Краен рок за доставување на трудовите  е 31-ви овој месец, додека жири-комисијата резултатите од Конкурсот ќе ги објави во дневниот печат најдоцна до 8 август.

Наградата за најдобар расказ е една и изнесува 30 илјади денари, а истата на лауреатот ќе му биде врачена на културната манифестација „Вечер на Живко Чинго“ што во чест на писателот традиционално секоја година се одржува во неговото родно село Велгошти.

Back To Top