skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Надлежности на претседателот на Републиката
Отворена телефонската линија кај Омбудсманот за пријавување повреди на избирачко право
Јонкер: Набљудувачите ќе бидат рамномерно распоредени низ државата
За победа во прв круг потребни над 900 илјади гласови
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ

Нухиу ги отвори 15. Спортски игри и средби на членовите на МПС во Охрид

Нухиу ги отвори 15. Спортски игри и средби на членовите на МПС во Охрид
  • 14.09.2018

Заменик-министерот за внатрешни работи Агим Нухиу денеска во Охрид присуствуваше на свеченото отворање на Петнаесеттите спортски игри и средби на членовите на МПС кои од 14 до 16 септември се одржуваат во Охрид. Годинава покрај членовите на Македонскиот полициски синдикат, учествуваат и претставници од девет полициски синдикати од други земји.

Заменик-министерот Нухиу во своето обраќање рече дека оваа традиција која што ја има воспоставено Македонскиот полициски синдикат, со јасна тенденција да биде и квалитетен меѓународен спортски синдикален хепенинг, само по себе значи и комуникација, размена на искуства, меѓусебни запознавања.

– Синдикалното организирање, без дилема, е стожерот во борбата за заштита и унапредување на работничките права. Секое општество што тежи кон развој и просперитет, е должно да го негува и поддржува синдикалниот дух. Овој начин на дејствување, преку спортското натпреварување и другарување, колку тоа навидум да изгледа второстепено, може да има свои и тоа како позитивни ефекти во квалитетното синдикално функционирање, истакна заменик-министерот Нухиу пред присутните гости и претставници на МПС.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top