skip to Main Content

Нудистички ден во париски музеј

Нудистички ден во париски музеј
  • 28.03.2018

Парискиот музеј за современа уметност „Палe де Токио” планира еден свој работен ден да им го посвети на  своите нудистички настроени посетители, кои имаат жеба таму да влезат потполно соблечени.

Имено, Музејот на 5 мај организира „нудистички ден“. Влезот ќе биде бесплатен, а оние кои ќе сакаат да влезат голи, ќе треба треба претходно да се регистрираат во Париската асоцијација на нудисти. Турата ќе ја води исто така, нудист.

Сите регистрирани, по доаѓањето, ќе ја остават својата облека во гардеробата, и потоа слободно ќе можат голи да ја разгледаат изложбата под назив „Discorde, fille de la nuit” (во превод – „Караницата, ноќна пријателка).

Париската асоцијација на нудисти очекува голем одѕив, за настанот којшто го нарекоа „историски за француската престолнина”.

Back To Top