skip to Main Content

Нова награда за режија за ,,Петрунија” на фестивал во Германија

Нова награда за режија за ,,Петрунија” на фестивал во Германија
  • 12.09.2019

На штотуку завршениот филмски фестивал во Минхен, Five Leakes Film festival, главната награда која ја доделува фестивалот Five Lakes film Award, наградата за режија ја додели на македонскиот режисер Теона Стругар-Митевска.

„Господ постои, нејзиното име е Петрунија”, беше во конкуренција со уште десет филма од централна Европа. Жирито е составено од филмски професионалци, филмски новинари, како и публика и институции, кои едногласно одлучија наградата за режија да ѝ припадне на нашата режисерка. Наградата е парична и во износ од 5 000 евра, а се доделуваат од страна на локалната самоуправа.

Германската дистрибуција на Петрунија почнува во ноември.

Back To Top