Coming soon
Coming soon
Coming soon
skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Тече рокот за нацрт-амандманите на Уставот, се најавува собраниско тело за помирување
Метју Палмер утре доаѓа во Македонија
За Русија остануваме Република Македонија
Трамп: САД ќе се повлечат од нуклеарниот договор со Русија
Саудиска Арабија призна дека Кашоги починал во Истанбул, 18 уапсени
Мексико ги отвори границите за жени и деца од „мигрантскиот карван“
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK

На јубилејните 25-ти „Охридски трубадури’’ – убави стихови за распеани рефрени

На јубилејните 25-ти „Охридски трубадури’’ – убави стихови за распеани рефрени
  • 10.08.2018

Овогодишната Фолк вечер на музичкиот фестивал „Охридски трубадури“ ќе понуди голем број на новосоздадени песни во духот на македонскиот мелос,песни кои ќе се пејат уште долго време, оценува уметничкиот директор Цане Петров.

Јубилејниот, 25-ти интернационален музички фестивал ’„Охридски трубадури’’ ќе се одржи на 6, 7 и 8 септември.

Организаторите велат дека проектот за сцената е готов и веќе се реализира, посочувајќи дека големата бина ќе биде поставена на Охридското Езеро во самиот центар на Охрид.

Песните се веќе снимени, а дефиниран е и списокот на странските пејачи кои ќе учестуваат на овој голем балкански музички спектакл: Ален Исламовиќ ( БиХ), Карлос (Бугарија), Жак Худек, Владо Калембер и групата „Колонија’’ (Хрватска), Елизабет Христоу (Грција), групата ’„Балканика’’, Марко Кон, Мерима Његомир и Нада Обриќ (Србија).

Љубителите на музиката ќе имаат можност да слушнат 22 песни кои ќе ги исполнат Петар Нечоски, Милован Секулоски, Благица Павловска, Кате и „Нели ти реков’’, Мерима Његомир, „Молика оне’’,’„Соната’’, ’„Скопски боеми’’, Ѓорѓи Дичоски, Сашо Николовски, Серафина Фантаузо, Зоран Христов, Дејан Добревски, Методија Столески, Руса и Раде, Мирко Вретоски, Нино Величковски, Сандра Милковска и Кумановски трубадури.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top