skip to Main Content

Национален квалификациски натпревар по кинески јазик

Национален квалификациски натпревар по кинески јазик
  • 01.06.2019

Институтот „Конфуциј“ при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје денеска по четврти пат организира национален квалификациски натпревар за учество на Меѓународниот натпревар по кинески јазик „Кинески мост“.

На денешниот квалификациски натпревар ќе учествуваат курсисти и студенти од Северна Македонија кои го изучуваат кинескиот јазик и кои сакаат да го покажат своето знаење, да учат едни од други и да го продлабочат своето познавање на кинескиот јазик и култура. Тие ќе се натпреваруваат во три категории: кинески јазик, општо знаење за Кина и кинеска култура, односно освен своите јазични способности натпреварувачите ќе ја покажат и својата умешност во кинеска калиграфија, сликање, танц, сечење хартија…

Натпреварувачите кои ќе се пласираат на првите две места ќе имаат можност да заминат во Кина во јули на финалниот натпревар по кинески јазик „Кинески мост“ за 2019 година. Додека се во Кина тие освен на натпреварот за познавањето на кинескиот јазик, ќе имаат можност да учествуваат во многу други активности поврзани со јазикот и културата на Кина.

Централната управа на институтите „Конфуциј“ го организира Меѓународниот натпревар по кинески јазик „Кинески мост“ од 2002 година и досега на него учествувале курсисти од над 60 земји во светот.

Натпреварот во Скопје се одржува во НУБ „Свети Климент Охридски“.

Back To Top