skip to Main Content

Настап на Влатко Стефановски на патрониот празник на општина Илинден

Настап на Влатко Стефановски на патрониот празник на општина Илинден
  • 26.07.2018

Под мотото „Со Илинден традицијата продолжува“ вечер во општина Илинден ќе бидат одбележани патрониот празник на општината – „Илинден 2-ри Август“ и националниот празник на македонскиот народ.

Одбележувањето на Денот на општината ќе биде збогатено со настап на Влатко Стефановски Трио. Жителите на општина Илинден ќе имаат можност да уживаат во звуците на музиката на македонската музичка легенда, Влатко Стефановски, кој ќе се претстави со повеќе преработени традиционални изворни македонски песни, потоа со дел од неговите евергрини, за настапот да го заокружи со промоција на нумери од својот најнов албум, велат од општина Илинден.

Back To Top