Coming soon
Coming soon
Coming soon
skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Продолжува комисиската расправа за одземање на имунитетот на Вељаноски
В понеделник оставка од Котевски, но и извештај од истрагата за инцидентите
Манчевски: Неколку дена пред Конгресот на СДСМ ќе биде познат кандидатот за претседател
Осудените за „Диво насеље“ со отворено писмо до Ахмети, Груевски и Мијалков
Мицкоски: Поддршката за Силјановска Давкова е поддршка за правната држава
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ

Над илјада маски спремни за Вевчанскиот карневал, организаторите очекуваат околу 10. 000 посетители

Над илјада маски спремни за Вевчанскиот карневал, организаторите очекуваат околу 10. 000 посетители
  • 04.01.2019

Вевчани и оваа година од 12-ти до 14 јануари ќе биде театар на отворено без режија и центар на сатирата за настаните што ја одбележаа минатата година. Веќе се изработени над 1.000 поединечни и групни маски, кои се чуваат во тајност, а организаторите очекуваат околу 10 илјади посетители. На Вевчанскиот карневал и годинава ќе има многу музика.

Вевчанскиот карневал, со кој се слави доаѓањето на новата година по стариот календар, ќе почне со забава на 12 јануари, кога ќе настапат групата Архангел и Неша (Галија), Културно уметнички работници и Ди Џеј Рутбој. Следниот ден 13 јануари, во 14 часот ќе почне дефилето на маски.

-На дефилето ќе има над 1.000 групни и поединечни маски, што ќе го провоцираат да размислува оној кој ги гледа. Василичарите преку маските ја критикуваат актуелната власт, ги критикуваат потезите што таа ги направила, за кои сметаат дека не се во ред. Тие се еден добар коректив, многу работи можат да се видат и да се слушнат и на крајот да се преземе нешто да се исправат девијациите во владеењето, ијзваи вевчанскиот уметник Симун Лешоски, автор на дизајнот за пасошот на Република Вевчани и на вевчанските банкноти – личници

Во пресрет на Василица и пречекот на православната Нова година, вечерта на 13-ти присутните гости и василичарите ќе ги забавуваат Кате и Нели ти реков, Баклава, Џубокс бенд и Оркестар Зурли и тапани од Вевчани.

Според Лешоски, кулминација на настанот е на 14 јануари утрото во 2 часот и 30 минути по полноќ кога младоженецот и невестата одат да полнат вода на вевчанските извори од која подоцна приготвуваат кашарник. Карневалот ќе заврши истиот ден попладнето, со традиционалното палење на маските.

Вевчанскиот градоначалник Сашо Јанкоски, кој ги покани сите што имаат желба да дојдат на вевчанскиот карневал, рече дека ова ќе биде уште една можност за уникатно искуство.

-Вевчанскиот карневал е најголем европски фестивал на сатира и театар без режија. За ункатната карневалска поворка веќе се изработени над 1.000 поединечни и екипни маски, рече Јанкоски.

Карневалот во Вевчани има 14-вековна традиција.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top