skip to Main Content

Награда „Curator’s Choice“ за „Крајот на времето“ на Милчо Манчевски

Награда „Curator’s Choice“ за „Крајот на времето“ на Милчо Манчевски
  • 05.02.2019

Краткиот експериментален  филм „Крајот на времето“, кубанско-американска копродукција по сценарио и режија на Милчо Манчевски, ја доби наградата „Curator’s Choice“ на американскиот патувачки филмски фестивал за кратки филмови Wandering Reel Traveling Film Festival.

Филмот е прикажан на повеќе од 30 фестивали, музеи и уметнички галерии и има освоено шест награди, меѓу кои и во Аспен и Берлин. Светски дистрибутер на филмот е „Пасифик воис“ од Јапонија.

Пред десетина дена Манчевски беше награден и на 30. Mеѓународен филмски фестивал во Трст, Италија, каде му беше доделена наградата „Eastern star“ за достигнувања во областа на кинематографијата.

Back To Top