Coming soon
Coming soon
Coming soon
skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Приведен Стевчо Јакимовски
Како градоначалник Јакимовски легализирал објекти на државата и ги продавал по пет евра квадрат!
Бошковиќ: Договорот меѓу Северна Македонија и Грција доказ дека постојат храбри луѓе во регионот
Венецијанската комисија даде позитивно мислење за Законот за Судскиот совет
Нови авиолинии од Скопје до Баден и Бремен
Славчо Попоски: Следува краткотрајна нестабилност, дожд, грмежи и засилување на ветерот
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ

Музички документарци и јапонски и мексикански филмови во Кинотеката во октомври

Музички документарци и јапонски и мексикански филмови во Кинотеката во октомври
  • 03.10.2018

По завршување на филмската ретроспектива на Ингмар Бергман, која траеше од 28 септември до 4 октомври, од петок во Кинотеката на Македонија ќе почне програмата од фестивалот „Скопје синема сити“.

Ќе биде отворена од 19 часот со српскиот документарен филм „Како да беше некогаш“ на режисерот Душан Весиќ, биографски филм за култниот бенд „ЕКВ“ од Белград. Во терминот од 21.30 ќе биде прикажан „Звуци и тишина: патешествијата со Манфред Ајхер“ – швајцарски документарец за основоположникот и главен музички продуцент на музичката издавачка куќа „ЕСМ“ основана во 1968 година.

На 6 октомври од 20 часот е британскиот „Постигни или умри“ – филм за животната приказна на врвниот пијанист Ланг Ланг, а од 21.30 – францускиот документарен филм „Стив Рајш: Соочување со фазата“, посветен на еден од основоположниците на минимализмот во класичната музика.

Овој месец во Кинотеката ќе има проекции и во рамки на неколку фестивали: „Киненова“ (6-12 октомври); Филмски фестивал на духовни и хумани вредности „Богородичен покров“ (14-17 октомври); филмови по избор на Гете-институт Скопје („Викторија“ на 18 октомври) и  Францускиот кино клуб („М“ на 19 октомври).

До крајот на месецов во Кинотека ќе има и претставување на две национални кинематографии – Недела на јапонски современ филм (22-25 октомври) и Недела на мексикански филмови (26-31 октомври).

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top