skip to Main Content

МНТ одбележува 74 години од првата претстава

МНТ одбележува 74 години од првата претстава
  • 03.04.2019

Македонскиот народен театар бележи рекордни 74 години од првата изведена театарск претсстава во Македонија, која го одбележува почетокот на развојот на македонската културолошка гранка.

Имајќи ја зад себе традиција од патувачките и општинските театри и театрите на други јазици, преку аматерските градски театри кои ја започнуваат активноста веднаш по ослободувањето, во Македонија во средината на ’четриесеттите години започнуваат да се основаат првите театри на македонски јазик. Формирањето на Македонскиот народен театар е на 31 јануари 1945 година на Президиумот на АСНОМ. Првата претстава премиерно е прикажана на 3 април 1945 година: драмата „Платон Кречет“ од Александар Корнејчук, во режија на Димитар Ќостаров, а во превод на Блаже Конески.

Како основоположници на театарот во Македонија се вбројуваат Јордан Хаџи Константинов-Џинот и Војдан Чернодрински, и двајцата познати драмски писатели. Македонските писатели најпрво најмногу изведуввале комедии со претстави на отворено. Изведбите биле едноставни и сиромашни во поставка, но значајни по творечката активност, репертоар на македонски јазик и со македонска проблематика, а преку тоа и на процесот на ослободување на народот и земјата.

Македонски народен театар, по формирањето и натамошното постоење/создавање, поминува низ разни периоди: создавање и негување на ансамблот и публиката, на творци кои ќе учествуваат во обликувањето на претставите, одржување на репертоарот. Создава свое место на мапата на Македонија, на мапата на некогашна Југославија и надвор од неа. Во однос на репертоарот, односно делата што се поставаат на сцена, исто поминува низ периоди кои се важни за неговото созревање: фаза на ре/откривање на македонските автори и драматургијата – Антон Панов, Ристо Крле, Васил Иљоски и други; фаза на поставување на дела од руските и класичните дела; фаза на дела од американски современи автори; негување и афирирање на новиот домашен автор, фаза на социјални и реалистични теми, психошки и поетски драми, современи и пост-модернистички драми/дела.

Back To Top