skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
1ТВ: ММА манипулира дека Основен суд – Скопје 2 и досудил оштета на 1ТВ
Могерини: Северна Македонија и Албанија во јуни треба да ги почнат преговорите со ЕУ
Репортери без граници: Северна Македонија останува на 95-то место според индексот за слобода на медиумите
Неформален состанок на генералните секретари за европски прашања на Грција и Северна Македонија
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ

Министерот Адеми на изложба на артефакти на Музејот на Град Скопје во Истанбул

Министерот Адеми на изложба на артефакти на Музејот на Град Скопје во Истанбул
  • 05.12.2018
Во рамки на посетата на Република Турција, министерот за култура Асаф Адеми синоќа во Истанбул присуствуваше на отворањето на изложбата на артефакти од Музејот на Град Скопје, организирана во соработка со Културно-информативниот центар на Република Македонија во Истанбул.

Изложбата поставена во Културниот центар „Али Емири Ефенди”  е насловена „Скопски материјални и духовни проблесоци“ и содржи фотографски приказни на артефакти од средновековниот и турскиот период што потекнуваат од поширокиот простор на Скопската тврдина и чаршија.

Примарен мотив на изложбата е негата на културните врски и корелации меѓу граѓаните на Македонија и Турција, одбележување 15 години од збратимувањето на Скопје и Истанбул, како и интензивирање и продлабочување на соработката од областа на културата.

Во рамките на настанот, концерт одржа музичкото дуо „Скупи“.

Владите на двете земји во изминатиот период потпишаа Договор за основање и активности на културните центри согласно кој, Македонија добива простор во зградата „Сејран“ што има статус на културно наследство и се наоѓа на плоштадот Таксим. Република Турција, пак, го добива на привремено користење културното добро „Куршумли ан“, кое ќе биде и комплетно реставрирано.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top