skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Премиерот Заев на форум на „Фајненшал тајмс“ за земјите од Западен Балкан
Министрите од ЕУ повторно на состанок околу преговорите со Северна Македонија и Албанија
Могерини-Шекеринска: За нашата земја не постои никаков аргумент дека нешто не е исполнето
Фазлиу на состанокот на Заедничкиот консултативен комитет меѓу Северна Македонија и Комитетот на региони на ЕУ
Форум за антикорупциски реформи во Скопје
САД испраќаат околу илјада војници на Блискиот Исток поради „иранската закана“
ОН: Светот до 2050 година ќе брои 9,7 милијарди луѓе
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Матера и Пловдив – престолнини на европската култура во 2019

Матера и Пловдив – престолнини на европската култура во 2019
  • 01.01.2019

Италијанскиот град Матера и бугарскиот Пловдив ќе ја делат титулата „Европска престолнина на културата“ во 2019 година, а ја преземаат од Леуварден во Холандија и  Валета – главниот град на Малта, кои во минатата година ја славеа културата на Европа.

Целогодишната манифестација со разновидни настани во Матера официјално ќе биде отворена на 19 јануари. Стариот дел од овој јужноиталијански град во покраината Базиликата е на листата на светско наследство на УНЕСКО благодарение на древното градителство. Две области во градот (Сасо Кавеосо и Сасо Барисано) се познати по праисториските пештери, за кои има наоди дека биле населени  7000 години п.н.е. Се сметаат за најуникатни предели на Медитеранот.

Вториот по големина град во Бугарија – Пловдив, пак, се вбројува меѓу најстарите европски градови со историја долга повеќе од осум илјади години. Низ него поминувал најважниот воен римски пат на Балканот – Виа Милитарис. Римјаните изградиле многу јавни градби и денес може да се видат урнатини од тој славен период во неговата историја.

Официјалното отворање на „Пловдив – престолнина на европската култура 2019“  ќе биде на 16 јануари. Според организаторите, целогодишната програма со мото „Заедно“ е структурирана во четири тематски целини поврзани со карактеристиките на градот – неговото културно наследство, историјата, ритамот на живот…

Европската комисија секоја година одредува почесен домаќин на  проектот „Европска престолнина на културата“. Традицијата почна во 1985 година, кога Атина беше културна престолнина на стариот континент. Целта е да се промовира чувството на заедништво во ЕУ, но на лауреатот тоа му носи и пари од европските фондови, со што земјите можат да финансираат големи проекти и програми од областа на културата. Критериум за избор е подготвеноста на градот да ги организира случувањата кои траат цела календарска година.

За изборот решава независна меѓународна комисија во Брисел, а одлуката ја носи четири години однапред. Неа ја разгледува и Европскиот парламент, а ја изгласува Советот на Европската Унија.

Во 2020 година престолнини на европската култура ќе бидат Риека во Хрватска и Голвеј во Ирска, во 2021 титулата треба да ја делат три града – романскиот Темишвар, грчкиот Елефсина и српскиот Нови Сад, а во 2022 – литванскиот Каунас и Еш во Луксембург.

Back To Top