skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
ДКСК: Заев не може да биде премиер и министер за финансии
Заев: Го повлекувам предлогот да бидам и министер за финансии, иако уставот и законите го дозволуваат тоа
Атанасов: Сакав да бидам министер, бидејќи во образованието се прави малку
Весел Мемеди ќе поднесе оставка од функцијата потпретседател на Собранието
Шекеринска: Северна Македонија ќе учествува на сите сензитивни дискусии во НАТО
Димитров: Бугарија и Македонија ќе најдат начин низ пријателство и почит да го решат прашањето за Гоце Делчев
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

„Луди за љубов“ вечер премиерно во Драмски театар

„Луди за љубов“ вечер премиерно во Драмски театар
  • 28.09.2018

Претставата „Луди за љубов“ од Сем Шепард, а во режија на Деан Дамјановски вечер премиерно ќе биде изведена во Драмскиот театар – Скопје, со почеток во 20 и во 22 часот.

Во едната премиерна изведба главната женска улога ќе ја игра Јана Стојановска, а во втората Благица Димитровска. Останатите улоги ги толкуваат Филип Трајковиќ, Анастас Тановски и Кристијан Светиев. Музиката е на Миодраг Неќак, сценографијата на Ѓорѓи Ѓорѓиевски, а костимите на Елена Вангеловска. Пиротехничар е Методија Најдоски.

Во претставата се работи за Еди – каубоец, родео јавач, авантурист, кој по многу време се враќа кај својата девојка Меј, која ја напуштил без да и објасни зошто. Во драмата има уште два лика, ликот на старецот и на младиот Мартин кој треба да излезе на состанок со Меј.

Се работи за камерна претстава што ќе се игра на малата сцена. Ќе има две премиерни изведби бидејќи за главна женска улога има две актерки кои се менуваат, тоа се Јана Стојановска и Благица Димитровска.

Според режисерот Деан Дамјановски, претставата е кратка, се игра во еден здив и трае еден час и 15 минути. Појасни дека тоа е сурова измачена љубовна драма меѓу двајца луѓе чии животи на некој начин се промашени.

Back To Top