Coming soon
Coming soon
Coming soon
skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Судењето за „27 април“ одложено за 31 јануари, Русковска информира дека во обвинението нема суштински измени
Сослушано обезбедувањето, блиски роднини на Груевски нема да сведочат
Нови рочишта за „Топлик“ и за убиството на Саздовски
Отровен воздух и привремени мерки: бесплатен превоз во ЈСП, за два дена продолжен зимски распуст и два дена скијање во Маврово за децата
Во Грција почнуваат парламентарните процедури за ратификација на Договорот од Преспа
Нимиц ја повика Грција да го ратификува Преспанскиот договор
Делегација на Собранието на зимската сесија на ПССЕ во Стразбур
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ

Концерт на тетовскиот рок бенд „Елита 5“ во Скопје

Концерт на тетовскиот рок бенд „Елита 5“ во Скопје
  • 27.12.2018

Еден од најпознатите тетовски рок бендови на сите времиња „Елита 5“, денеска ќе одржи голем концерт со наслов „Торнадо во Скопје“ во 20 часот во Македонскиот народен театар, информираат од Културно-информативниот центар.

Познатата тетовска рок група годинава одбележува јубилеј – триесет години постоење на музичката сцена. Трите децении музичка кариера во која создадоа бројни хитови, рокерите од Тетово ќе ги одбележат со концерти во Тирана и во Приштина, а со поддршка и во организација на Културно-информативниот центар и општината Чаир, последниот од серијата концерти ќе го реализираат во Скопје.

Во изминатите години бендот создаде 120 песни од кои најпознати се „Ал Капоне“, „Не сум диктатор“, „Збори само збори“. Ова се само некои од хитовите што ќе ги изведат на концертот во Скопје, покрај песните од нивниот нов, осми по ред албум „Торнадо“, објавен годинава.

Членовите на бендот Медваип Мустафи (соло гитара), Бесим Ибрахими (тапан), Ариф Зибери (вокал), Агрон Идризи (бас гитара) и Неџат Мујови – Вирус (синтисајзер) ветуваат незаборавна ноќ за своите обожаватели во пресрет на новогодишните празници.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top