skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Катица Јанева ќе одлучува дали ќе ги изземе Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски од „Титаник 3“
Петнаесет-годишно момче се удави во Пчиња
Пожарот кај Пинтија ставен под контрола
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Концерт на Влатко Стефановски на 1 август во Охрид

Концерт на Влатко Стефановски на 1 август во Охрид
  • 25.07.2018

Најпознатиот македонски гитарист Влатко Стефановски на 1 август ќе има концерт во Античкиот театар во Охрид. Нашиот гитарски виртуоз ќе настапи со гостите и негови пријатели Теодосиј Спасов од Бугарија, хармоникашот Танос Ставридис од Грција, Биља Крстиќ од Србија, Весна Гиновска Илкова и групата „Љубојна“ од Македонија. Посетителите ќе можат да го слушнат неговиот последен проект, албумот „Мајчин јазик“.

– Верувам дека охридскиот концерт ќе биде кулминација на сите мои трагања, музички и просторни. Со нетрпение го очекувам концертот и моите гости кои доаѓаат од разни страни, рече на денешната прес-конференција Стефановски. Додаде дека е оптимист и очекува добро време за охридскиот концерт.

За Охрид рече дека е место полно со магија, дух, уметност, неверојатна природа и претставува секогаш голема инспирација и возбуда за него.

Одговарајќи на новинарско прашање, Стефановски рече дека еден од мотивите за организирање на овој концерт е за да се спротивстави на „тоа се и сешто што доаѓа и што настапува токму овој датум“.

– И би сакал да ја имаме таа среќа да влеземе во празникот, 2 Август-Илинден, заедно со последните нумери од концертот, рече Срефановски.

Владимир Мандичевски-Манде од Баги комуникации кои се организатори на концертот изјави дека во Охрид ќе има концерт по трите фантастични и успешни концерти на Стефановски во Скопје.

– Она што можеме да ви ветиме дека ќе биде добар, можеби уште подобар од тие три концерти бидејќи имаме и гостин од Грција, рече Манда.

Организаторот најави дека на концертот ќе присуствува и првата жена премиер на Словенија Аленка Братушек. Почетокот на концертот е во 22 часот.

Back To Top