skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Раскинувањето на Договорот за Казандол законито пресуди Управниот суд
На хирургија во Струга заболени девет здравствени работници од морбили
Прво писмо на Асанж по апсењето: Обиколен сум со убијци, не ми даваат да се бранам
Утре на Бихаќка и дебата за промена на кадри во извршната власт
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Концерт „Диско треска“ по повод Василица

Концерт „Диско треска“ по повод Василица
  • 12.01.2019

„Диско треска“ („Disco Fever“) е традиционалниот концерт што по повод празникот Василица ќе биде изведен вечер и утревечер, со почеток во 20 часот, во Македонската опера и балет.

Диригент на концертот е Бисера Чадловска, а режисер Дејан Прошев. Публиката ќе може да ги слушне најдобрите диско хитови  од 70-тите години од минатиот век во целосно нови симфониски аранжмани. Ќе бидат изведени хитовите „Staying Alive“, „Night fever“, „Hot stuff“, „Upside down“, „Ain’t nobody“, „Dancing queen“, „That’s the way like it“, „Don’t stop till you get enough“ и многу други популарни хитови на Gloria Gaynor, Donna Summer, ABBA, Bee Gees, Michael Jackson, Boney M и останати диско изведувачи во живо со оркестарот и балетот на МОБ.

На концертот ќе настапат Дани Димитровска, Наде Талевска, Ѓоко Танески, Александра Јанева, Елена Петреска, Маја Саздановска, Лина Пејовска, Александар Тарабунов, Ана Мицковска, Горан Наумовски, Полина Тасева, Лена Заткоска-Маротова, Лина Авшар. Специјален гостин е Кире Ѓоревски.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top