Coming soon
Coming soon
Coming soon
skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Брима: Македонците пооптимисти во светски рамки за меѓународните политики на САД, Русија, Кина и ЕУ
Спираки: Официјалното име на соседната земја е Северна Македонија, дискусијата за таблите е од мало значење
СДСМ и ДУИ бараат консензуален претседателски кандидат
За олеснување на трговијата и транспортот 26,2 милиони евра од Светска банка
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ

Колку ги цениме домашните писатели? – разговор во Студио 1 со Стефан Марковски

Колку ги цениме домашните писатели? – разговор во Студио 1 со Стефан Марковски
  • 11.02.2019

Гостин во отвореното Студио 1 со Јана Јосифоска беше писателот Стефан Марковски кој зборуваше за домашните писатели и колку се ценат во нашата земја. Според него, важно е за писателите да не се задржуваат само на домашниот пазар, туку нивните дела да се преведат на повеќе јазици.

-Пред сѐ еден автор кој твори на македонски јазик треба да земе предвид дека тоа е ограничен книжевен пазар и поаѓајќи од таа перспектива, писателот треба да комуницира со светот и се радувам со секој мој превод. Ме известија сабајлево дека романот „Еретички писма“ е веќе преведен на бугарски јазик и се надевам дека наскоро ќе биде објавен, а има најави за превод на хрватски јазик и на јазиците од други балкански земји, вели Марковски.

Марковски зборуваше за наградите кои ги добил, вели дека сака да воспостави баланс меѓу жанровите, а во мометнот работи на драмско дело.

-Првата книжевна награда ја добив кога бев трета година гимназија. Тоа беше мотивирачко искуство, кое ми даде сила да продолжам да пишувам. Ја добив и наградата „Петре М. Андреески“ за мојот прв роман.

Целиот разговор можете да го погледнете во видеото.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top