skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
ЈО побара продолжување на притворот на Јанева за нови 30 дена
Калајџиев ќе биде предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за нов Јавен обвинител?
Алијанса за Албанците: Режимот ВМРО-ДУИ го монтираше, судовите на СДСМ-ДУИ пресудија, бараме меѓународна истрага за „Диво Насеље“
Македонија ги исполни сите услови – на ред е ЕУ

„Квин симфони шоу“ за паметење: Филхармонија и „Queen Real Tribute“ го собраа цело Скопје во Парк (ФОТО)

„Квин симфони шоу“ за паметење: Филхармонија и „Queen Real Tribute“ го собраа цело Скопје во Парк (ФОТО)
  • 23.06.2018

Скопје и скопјани како да живеат за настани под отворено небо. Вчеравечер хитовите на групата „Квин“ ечеа во Градскиот Парк, каде беше создадена симбиоза од оркестарот на Македонската филхармонија, хорот на Македонската опера и балет и бендот од Србија „Queen Real Tribute“.

Зелната толпа луѓе собрани во Градскиот парк за добра музика, дружба и добра енергија. Сето тоа вчеравечер беше регистрирано и како да го врати духот на едно убаво Скопје.

Двочасовниот концерт под наслов „Квин симфони шоу“ беше исполнет со најголемите хитови на легендарната британска група, со аранжмани прилагодени за Филхармонија и хорот на МОБ. Главното шоу го имаше вокалот од бендот од Србија, Иван Ристановиќ кој буквално беше влезен во улогата на Фреди Меркјури, а присутните со аплауз и овации го поддржуваа и заедно се пееа песните на сите генераци.

Како специјално изненадување на сцената во Градски парк беше оперската певица Весна Ѓиноска – Илкова која го отпеа еден од најголемиот хит на „Квин“, „Барселона“. Концертот „Квин симфони шоу“ заврши со песната „We are the champions“, со што вокалот Ристановиќ во стилот и духот на Меркјури ја поздрави публиката излегувајќи на сцената со круна на главата и кралска наметка.

Back To Top