Coming soon
Coming soon
Coming soon
skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Брима: Македонците пооптимисти во светски рамки за меѓународните политики на САД, Русија, Кина и ЕУ
Спираки: Официјалното име на соседната земја е Северна Македонија, дискусијата за таблите е од мало значење
СДСМ и ДУИ бараат консензуален претседателски кандидат
За олеснување на трговијата и транспортот 26,2 милиони евра од Светска банка
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ

Камерниот оркестар на Македонската филхармонија гостува во Казахстан

Камерниот оркестар на Македонската филхармонија гостува во Казахстан
  • 03.09.2018

По повод Денот на независноста на Република Македонија, 8 Септември, Камерниот оркестар на Македонската филхармонија од денеска до деветти септември ќе гостува во Казахстан каде што ќе одржи два концерта, во Алмати на петти септември и во Астана на седми.

Гостувањето е поддржано од Амбасадата на Република Македонија во Астана и од амбасадорот Илија Псалтиров,

Камерниот оркестар на Македонската филхармонија ќе го предводи македонскиот диригент, маестро Борјан Цанев, а како солист ќе настапи концерт-мајсторот на Македонската филхармонија Анна Кондратенко. На програмата се „Дивертименто“ од Моцарт, свитата „Холберг“ од Григ, избор од двете дела „Четири годишни времиња“ од Вивалди и Пјацола, како и македонското дело „Капричо“ од Драган Шуплевски.

– Ми претставува чест и задоволство што со напорната работа во едногодишниот период и нашето внимание кон презентација на Македонската филхармонија надвор од границите на нашата држава, се разбира и како достоен репрезент на културата, да се претставиме првпат во Казахстан, вели директорот на Македонската филхармонија Виктор Илиески.

Ова гостување, според него, ќе биде предвесник на следните две големи турнеи кои Македонската филхармонија ќе ги оствари со симфонискиот оркестар во Шпанија и во Кина, но и предвесник на новата концертна сезона.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top