skip to Main Content

Интерфест почнува со скратен буџет од Министерство за култура

Интерфест почнува со скратен буџет од Министерство за култура
  • 30.09.2019

28. издание на Интернационалниот фестивал на класична музика „Интерфест“ – Битола започнува на 02.10.2019, а ќе трае до 11.10.2019. Свеченото отворање е во 20 часот на 02.10.2019 во Народниот театар во Битола со Гала оперски концерт со солисти и орестарот при Националната Опера и Балет, каде ќе настапат и познати македонски оперски пејачи како Борис Трајанов, Весна Гиновска Илкова и други.

Во текот на неделата кога ќе се одржува „Интерфест“, предвидено е да настапат еминентни музучки имиња, и музички состави како и ликовни уметници и скулптори, но и театарската претстава „Август во округот Осејџ“, јавува тера.

28. Издание на Интернационалниот фестивал на класична музика „Интерфест“ – Битола, како што истакна организаторката Милица Шперовиќ – Рибарски, буџетот на овој фестивал бил намален за 12 000 евра од страна на комисијата на Министерството за култура, со што морале да откажат неколку уметници од други држави кои веќе претходно биле договорени и додаде дека овој период додека течеле организациите околу овој фестивал за нив како што рече бил кошмарен период заради намалувањето на буџетот.

Ова издание е поддржано од Министерството за култура, Советот на Општина Битола, а е во соработка со Заводот Музеј и Галерија, Народниот театар и Музичкото Училиште од Битола.

Back To Top