skip to Main Content

Интернационален натпревар за млади музичари „Охридски Бисери“

Интернационален натпревар за млади музичари „Охридски Бисери“
  • 20.06.2018

Од 2005 натпреварот стана дел од Европските меѓународни натпревари (EMCY), со цел на разоткривање на млади музички таленти на европско ниво. Од големо значење е учеството на Македонските таленти во овие натпревари со цел да се развие музичко-педагошката дејност, како и вклучување меѓу Европските стандарди.

Високите професионални стандарди кои се пропишани за учесниците во оваа асоцијација (вклучително и за Охридски бисери) битно влијаат на сериозноста на пропозициите на меѓународните натпревари, како и на неопходноста за високо реноме на членовите на жирито. Овие компоненти од своја страна значајно го подигнуваат европскиот рејтинг на самиот натпревар благодарејќи на ЕMCY, повеќе од триесет млади македонски музичари гостуваа низ цела Европа: во Германија, Словачка, Италија, Австрија, Луксембург, Србија, Словенија… Од друга страна, млади музичари од повеќе земји се присутни во Охрид како учесници на Охридски бисери.

Генералното Собрание на престижната организација ЕMCY, во 2012 се одржа токму во Охрид, Македонија, во организација на музички и балетски педагози на Македонија, На годинашниот натпревар пријавени се 81 учесник од повеќе држави: Русија, Германија, Кина, Романија, Чешка, Турција, Полска, Словенија, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Македонија во дисциплините виолина и пијано.

Натпреварот го следи интернационално жири од меѓународно истакнати и признати музички изведувачи и педагози. Завршниот концерт на натпреварот ќе се одржи на 21 јуни 2018 во св. Софија во Охрид со почеток во 20 часот.

Back To Top