Coming soon
Coming soon
Coming soon
skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Обвинителството го стави под лупа бегството на Груевски
1ТВ ја презеде медиумската лидерска позиција
Европските Зелени го обвинуваат Орбан дека се обидува да предизвика конфликт
Заев: Груевски е кукавица, категорично ги отфрлам сите шпекулации за каков било политички договор со него
Груевски илегално влегол во Албанија, а со пасош излегол на границата со Црна Гора
Иванов одбива каква било инволвираност во врска со донесената судска одлука за Јанакиески
Заев-Борисов: Нашите две земји се пример за новата реалност на Балканот
1ТВ достапна на Тотал ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK

Изложба „Тоа сум јас“ на Хари Дудески во Малта

Изложба „Тоа сум јас“ на Хари Дудески во Малта
  • 08.11.2018

Изложба „Тоа сум јас…“  на уметникот, сликар, графичар и дизајнер Хари Дудески синоќа беше отворена во Малта, на покана на Форумот за демократска Македонија (ФДМ).

Како што соопшти ФДМ, авторот претстави концепт на визуелизација на знамето низ  годините на воспоставување на државност, транзиција и финализација, преку 12 варијанти кои асоцираат на 12-те месеци во една година.

-Низ промена на сегментите на знамето, како круцијален симбол во еден идентитет, изложбата е приказ на препознатливоста во тој македонски идентитет како и чувството на припадност во тоа себепрепознавање низ годините кои се живеат во нам познатите околности, соопшти ФДМ.

Изложбата во Малта, чија престолнина годинава е Град на европската култура, ја отворија заменик-министерот за култура  Владимир Лазовски и пратеничката во Собранието Мери Лазарова.

-Ова гостување на претставниците на Владата и Собранието во Малта беше искористено и за средба со дел од членовите на ФДМ, како и претставници на други македонски заедници кои функционираат на островот, од аспект на продлабочување на соработката со македонските институции во време кога во Малта сè уште не е отворено дипломатско-конзуларно претставништво, наведува ФДМ.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top