skip to Main Content

Изложба „Изгубениот свет на сефардските Евреи од Западниот Балкан“

Изложба „Изгубениот свет на сефардските Евреи од Западниот Балкан“
  • 25.09.2018

Во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп денеска напладне ќе биде отворена изложбата „Изгубениот свет на сефардските Евреи од Западниот Балкан“ – проект на „Центропа“ и Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија.

Изложбата е дизајнирана во 2017 година, куратор е Едвард Серота, директорот на „Центропа“. Станува збор за пет еврејски приказни од Сплит, Дубровник, Белград, Битола и од Сараево.

„Центропа“ е еврејски историски институт со седиште во Виена, Хамбург, Будимпешта и Вашингтон. Се занимава со зачувување на семејните еврејски приказни од 20 век од Централна, Источна Европа и од Балканот, како и пренесување на овие приказни преку фотографии, филмови, книги, публикации и изложби.

Back To Top