skip to Main Content

Изложба за џез-музичари – претфестивалска програма на „Скопје синема сити“

Изложба за џез-музичари – претфестивалска програма на „Скопје синема сити“
  • 04.06.2018

„Скопје синема сити“ кој ќе почне задутре во Кинотека на Македонија, ќе има претфестивалска програма со изложба „Македонска џезтетика“ – фотографии на истакнати македонски џез-музичари од Татјана Ранташа, а како дел од изложбата настап ќе има Квинтетот на Гоце Стевковски, основоположник на Здружението на џез-музичари. 

Татјана Ранташа е реномиран фотограф со 15 години искуство, најмногу со сценска фотографија. Почнувајќи од 2005 година, таа е официјален фотограф за издавачки куќи  како  Авалон,   Пасворд,   МКЦ-концерти,   МОТ,   Десонанц  фестивалот,   а   денес  е   најчесто ангажирана за Оффест и Скопскиот џез-фестивал, како нивни официјален фотограф. 

– „Македонска џезтетика“   е   избор   од   фотографии   од   различни   генерации   македонски  џез-музичари, почнувајќи  од Џијан Емин, Гоце Стевковски, Алек Секуловски, па до Симон Киселички, Мишко Парушев  и   Владан   Дробицки,  од  Трајко Велков,  Бојан  Шамба,   па   до   Кирил Кузманов,   Кирил Туфајхчиев, од Влатко Стефановски, Васил Хаџиманов, па до Тони Китановски, Кокан Димушевскии и многу други, соопшти „Скопје синема сити“.

Музиката и нејзиното филмско претставување е во фокусот на програмата на четвртиот фестивал „Скопје синема сити“ кој ќе се одржува од 6-ти до 10 јуни. Во петте фестивалски дена ќе бидат прикажани 15 филмови. Влезот за претфестивалската програма (6 јуни од 19 часот) за изложбата и концертниот настап е слободен.

Back To Top