skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Орце се жалел, а Заев пријавувал за можниот рекет на бизнисмени?
Далгариан: Мицотакис ќе го блокира Скопје, онолку колку што ќе му дозволат НАТО и ЕУ
СИРИЗА: Среќно враќање во реалноста за Нова демократија
Димитров: Европеизацијата на Северна Македонија ќе биде позитивно и за Грција
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Игор Иванов-Изи е „Уредник со причина“ во Кинотека

Игор Иванов-Изи е „Уредник со причина“ во Кинотека
  • 30.03.2018

Во рамки на Филмскиот циклус „Уредник со причина“ што Кинотека на Македонија го започна годинава, во април ќе биде претставен изборот на режисерот Игор Иванов – Изи, кој одбра три филмови за прикажување.

„Соништата што се купуваат со пари“ во режија на Ханс Рихтер кој ја напиша, продуцираше и режираше оваа експериментална вежба и истата претставува една од најзначајните придонеси кон авангардното движење од 20-от век.

„Бери Линдон“ на Стенли Кјубрик, филм чиј култен статус расте од неговата премиера и сега се смета за еден од најдобрите филмови на Кјубрик. Тоа секако може да се согледа во секој кадар на филмот на Кјубрик: технички одличен, емотивно дистанциран, безмилосен во сомнежот во човечката добрина. Базиран на роман објавен во 1844 година, тој има форма вообичаена за роман од 19 век, следејќи го животот на херојот од раѓање до смрт. Пред филмот ќе има дискусија со Игор Иванов – Изи, дискусијата ќе ја води новинарот Стојан Синадинов. „Бери Линдон“ во Кинотеката ќе биде прикажан во своето ново дигитално руво.

Последен во рамки на филмскиот циклус ќе го погледнеме филмот  „Убавицата на денот“ во режија на Луис Буњуел. Мартин Скорсезе, кој бил голем обожавател на овој филм, помогнал истиот да добие првокласно и ограничено ре-издание преку Мирамакс зои, гранка наМирамакс, која служела за колекција и дистрибуирање француски филмови во Америка. Како резултат на тоа, филмот повторно добил огромно внимание, правејќи го лесно достапен за новата генерација на филмски фанови. Буњуел, меѓу првите ја ангажира во своите филмови Кетрин Денев, која маестрално ја одигрува својата улога на „убавица на денот“ и си ги отвора вратите кон филмовите на Полански, Трифо, Клер Дени, Фон Трир, Лео Каракс, Франсоа Озон и кон пантеонот на великаните на големото платно.

Филмовите ќе се прикажуваат на 1, 2 и 3 април. Првите два со почеток во 20 часот, а последниот во 21:30 часот.

Back To Top