skip to Main Content

Зошто Исус секогаш носи црвено, а Богородица сино?

Зошто Исус секогаш носи црвено, а Богородица сино?
  • 16.10.2019

Иако сè повеќе ги поддржуваме прогресивните идеали за многуте комплексности околу полот и родот, и понатаму сме заглавени во традиционалните вредности особено во контекст на боите – розова и сина – што ги означуваат двата најчести родови идентитети.

Duccio Virgin and Child in Majesty, Central Panel from the Maestà Altarpiece, 1308-1311 Museo dell'Opera del Duomo, Siena

Duccio, Virgin and Child in Majesty, Central Panel from the Maestà Altarpiece, 1308-1311 Museo dell’Opera del Duomo, Siena

Но, идејата дека розовата и сината боја претставуваат женски и машки квалитети, соодветно, е помалку статична отколку што би помислиле.

Дури во раниот 20 век овие пастелни тонови за прв пат се поврзуваа со бебињата –  момчиња или девојчиња. Како што напиша Пиги Оренштајн, првично, „розовата се сметала за повеќе машка боја, пастелна верзија на црвено. Сината, пак се поврзувала со постојаноста и верата на Богородица. Не е баш јасно кога точно се случи промената – сино за момчиња, розово за девојчиња. Но, до средината на 80-тите години на минатиот век, „засилувањето на разликите во возраста и полот стана клучна стратегија на маркетингот фокусиран на децата“, објаснува Оренштајн.

Симболиката на црвената и сината боја во релација со полот, има потекло, според Оренштајн, во христијанската теологија. Сепак, двојноста помеѓу овие бои првично не укажувала на поделба меѓу машките и женските деца, туку поинаков вид на врска –таа меѓу мајките и синовите, или поточно, онаа помеѓу Марија и Исус.

Hans Memling  Triptych of the Resurrection with Saint Sebastian (left wing) and Ascension of Christ (right wing), ca. 1485-1490 Musée du Louvre, Paris

Hans Memling
Triptych of the Resurrection with Saint Sebastian (left wing) and Ascension of Christ (right wing), ca. 1485-1490
Musée du Louvre, Paris

Погледнете ja внимателно во религиозната уметност од изминатите 700 години. Забележувате ли нешто конзистентно? Марија е скоро секогаш облечена во сина боја, додека Исус обично носи црвено.

Duccio di Buoninsegna | Madonna and Child

Duccio di Buoninsegna | Madonna and Child

Низ историјата, сината се смета за света нијанса. Не е природен пигмент, и затоа е особено мистичен и редок. Една од првите произведени „вистински сини“ пигменти бил ултрамаринот, боја направена од лапис лазули, скап камен, повреден од златото. Во уметноста, била резервирано само за најзначајните теми. Египќаните започнале да увезуваат лапис лазули од Авганистан пред околу 6.000 години, но со Богородица се поврзува од 5-тиот век.

Cimabue Virgin and Jesus in Glory, Surrounded by Six Angels (also caled Madonna … Musée du Louvre, Paris

Cimabue Virgin and Jesus in Glory, Surrounded by Six Angels (also caled Madonna … Musée du Louvre, Paris

Сината нијанса која стана позната како „сината на Богородица“ станува и официјално таква со подемот на Мариологијата и култот на Богородица. Откако била внесена во највисоките ешелони на канонот, прогласена за „кралица на небото, духовна мајка и посредничка“ од страна на Црквата во 431 година, византиските уметници, користејќи го не толку скапиот минерал азурит, почнале да сликаат стилизирани икони со светата мајка облечена во нејзината сина боја, пред позадина од листови злато.

Giotto Virgin and Child Enthroned, 1305-1310 Uffizi Gallery, Florence

Giotto Virgin and Child Enthroned, 1305-1310 Uffizi Gallery, Florence

Овие икони обично ја покажуваа Богородица како посветена мајка која го држи бебето во скутот. Иако во тоа време не била модерна нијанса, во 13 и 14 век  Чимабу, Дучио и Џото се меѓу првите што го сликаат бебето Исус во светло розова боја.

 Raphael, The Madonna of the Pinks (1506–7)

Raphael, The Madonna of the Pinks (1506–7)

Подоцна, сепак, розовата боја станала симбол на бракот. Во Богородица во розово (1506–7) на Рафаел, бебето Исус и дава розов цвет на својата мајка, илустрирајќи ја духовната поврзаност меѓу нив.

Како што напредувала ренесансата, типовите сцени на кои била претставена Богородица се прошириле за да се вклучат повеќе наративи од животот на Марија, како што се Благовеста, Раѓањето и Успението.

Gerard David The Rest on the Flight into Egypt, ca. 1512–1515 The Metropolitan Museum of Art

Gerard David The Rest on the Flight into Egypt, ca. 1512–1515 The Metropolitan Museum of Art

„Одмор во текот на бегството во Египет“(1512–15)  на Жерард Давид претставува помалку очекувана приказна и скоро целосно се фокусира на богатата сина облека што потполно ја покрива централно поставената Марија, која нежно го дои своето бебе.

Претставите на Исус подоцна во животот, како возрасен, скоро секогаш го прикажуваат облечен во светло црвена, или цинобер, нијанси со многу сложени значења. Во христијанството, може да го претставуваат гревот, пеколот или ѓаволот. Но, тоа исто така може да сугерираат и мачеништво, или крвта на Исус. Дури и за античките Грци и Евреи црвената била романтичен симбол, како и симбол на жртвувањето.

На Распетието со Богородица и Свети Јован Евангелист (околу 1460 година) на Рогиер Ван дер Вејден, пастелно сината тога на Богородица сугерира одредена мајчина кротост; Свети Јован, во розово, ја поддржува тажната мајка која се онесвестува. Интересно е што уметникот овде, преку додавањето црвени таписерии за камениот ѕид зад крстот и онесвестената мајка, го потенцира страдањето на Исус и љубовта на Марија.

И сликата на Ван дер Вејден е еден од многуите примери кои сведочат како употребата на овие бои пренесува многуслојни и комплицирани читања.

Gentile da Fabriano - Nativity

Gentile da Fabriano – Nativity

Во Раѓањето на Џентиле Да Фабриано (1420), Марија носи сина наметка која и ја покрива долната црвена. Додека синото ја претставува чистотата на Девицата и го означува нејзиниот кралски статус, црвената ја поврзува со мајчинството, вклучувајќи љубов, страст и преданост.

Jean Fouquet Madonna Surrounded by Seraphim and Cherubim, 1452

Jean Fouquet Madonna Surrounded by Seraphim and Cherubim, 1452

На Богородица опкружена со серафими и херувими (1452) Жан Фуке ги засилил фигурите, осветлувајќи ја кожата на мајката и детето, кои делуваат како да се албино, а раскошната сина позадина ја врамува нејзината бела дојка и наметка. Хорот на црвени и сини херувими кој го опкружува парот останува на извесен начин мистифициран.

Fra Angelico | Paradise (1431-1435)

Fra Angelico | Paradise (1431-1435)

Сепак, денес, балансот на црвената и сината, машката и женската, останува клучен за одржување на христијански дефинирани родови норми – традиции кои се чини сè уште не сме во можност да ги надминеме. Додека  порано  поврзувањето на боите со Исус и Марија поздрабирало позврзување на црвената боја со машкоста и сината со женственоста, ова подоцна наполно се променило. Но, којзнае каде ќе нè одведат симболичките значења на овие бои во иднина додека продолжуваме да ги развиваме идеите за родовите улоги, религијата и уметноста.

 

извор: Артси

текстот и фотографиите се во целост преемени од либертас.мк

превод: Лени Фрчкоска

Back To Top