Coming soon
Coming soon
Coming soon
skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Судењето за „27 април“ одложено за 31 јануари, Русковска информира дека во обвинението нема суштински измени
Сослушано обезбедувањето, блиски роднини на Груевски нема да сведочат
Нови рочишта за „Топлик“ и за убиството на Саздовски
Отровен воздух и привремени мерки: бесплатен превоз во ЈСП, за два дена продолжен зимски распуст и два дена скијање во Маврово за децата
Во Грција почнуваат парламентарните процедури за ратификација на Договорот од Преспа
Нимиц ја повика Грција да го ратификува Преспанскиот договор
Делегација на Собранието на зимската сесија на ПССЕ во Стразбур
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ

„Златна камера 300“ за кинематограферот Кјонг-Пјо Хонг од Јужна Кореја

„Златна камера 300“ за кинематограферот Кјонг-Пјо Хонг од Јужна Кореја
  • 30.09.2018

Кинематограферот Кјонг-Пјо Хонг од Јужна Кореја, е годинешен добитник на наградата „Златна камера 300“, највисоко фестивалско признание на ИФФК „Браќа Манаки“ кој синоќа заврши во Битола.

Пјо Хонг припаѓа насредната генерација јужнокорејски кинематографери,  потпишал околу 24 кратки и играни филмови,  а на фестивалот во Битола, меѓународното жири го награди за неговото мајсторство со камерата во филмот „Горење“.

– Најубава филмска приказна, прекрасно изведена во која со секое снимање со камерата се пренесува некакво чувство. Совршена комбинација на забава и уметност снимена на начин кој природно ја доловува приказната. Станува збор за одлично дело бидејќи Пјо Хонг со својата камера успеа да ја стави публиката во главата на главниот актер, истакна Олимпија Митилинеу, претседател на фестивалското жири и дополни дека при жирирањето и одлучувањето го имале предвид квалитетот на филмот и улогата на камерата како рамноправен учесник во сите елементи на филмската целина.

Кјонг-Пјо Хонг првиот филм, „Низок лет“, го снимил во 1998 година, а меѓу позначајните филмски остварувања на јужнокорејскиот кинематографер се и филмовите „Шампион“, „Братството на војната“, „Мајка“, „Прогонувачи“, „Лелекање“ и други.

На фестивалската сцена во Битола, „Сребрена камера 300“ беше врачена на францускиот кинематографер Ерик Готје, за филмот „Пепелта е најчисто бело“, а во кој главните актери говореа на кинески мандарински јазик, што предизвика дополнителен интерес кај македонската публика, додека пак,  „Бронзена камера 300“ беше доделена на кинематограферот од Полска, Лукаш Жал, дел од екипата што го сними филмот „Студена војна“.

Според востановената традиција на ИФФК „Браќа Манаки“ беше доделена и „Мала камера 300“ за кинематографер што учествувал во снимањето на краток филм, а годинава со тоа признание се здоби Адрик Вотсон од Австралија.

На публиката и учесниците во организацијата на фестивалот јавно им се заблагодари директорката Гена Теодосиевска, а покана за учество на следното јубилејно издание, упати градоначалникот на Битола, Наташа Петровска.

– Овие денови имавме можности за многу дружење со филмаџиите, уметниците, кинематограферите и студентите кои се подготвуваат за влез во филмската индустрија. Посакувам спомените од овој престој во Битола да останат живи до следната година, кога со широки прегратки ние битолчани ве очекуваме на 40. издание на фестивалот „Браќа Манаки“, порача Петровска.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top