skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Хан ја повика ЕУ да отвори преговори со Северна Македонија во најбрз можен рок
Могерини: Се надевам на позитивна одлука за преговори со Северна Македонија и Албанија
Рама: Пендаровски е претседател со кој треба да се гордееш, Мета не тера да се чувствуваме засрамено
Од денеска нови регистарски таблички со NMK
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Златен медал за уметникот Синиша Кашавелски од „Mоndial art academia“ во Париз

Златен медал за уметникот Синиша Кашавелски од „Mоndial Art Academia“ во Париз
  • 05.01.2019

Уметникот од Куманово, Синиша Кашавелски доби уште една престижна награда и го потврди својот статус, амбасадор на македонската уметност во светски рамки.

Интернационалното жири од „Mоndial art academia“ со седиште во Париз на 3 јануари му додели златен медал за сликарство, конкретно за сликата „Vita Nuova“.  Македонскиот уметник е и амбасадор на уметноста од Македонија во оваа организација. Претходно оваа слика беше изложена во Лувр, во Париз каде доби одлични критики од јавноста.

Изминатата 2018-та за македонскиот уметник беше исклучително успешна. Тој лани доби гран при на Art Eхpo во Венеција, каде беше апсолутен победник во својата категорија. Во јуни, беше награден со златен орден за заслуги во уметноста од Асоцијацијата за уметност, наука и книжевност на Франција, по што следуваа и наградите „Giulio Cesare“ и „The Best  Contemporary Artist-2018“.

Кашавелски учествуваше и на изложбите во Сингапур, Art Expo во Куала Лумпур и на престижниот есенски салон во Париз.

Познатиот интернационален уметник има амбициозни планови за годинава, учество на престижни настани, меѓу кои зимски салон во Париз, Art Expo во Џенова, во Јужна Кореја, и самостојни изложби во Пекинг, Сингапур и Џакарта.

Back To Top