skip to Main Content

„За неа“ – изложба во Чифте амам од 7 до 31 март

„За неа“ – изложба во Чифте амам од 7 до 31 март
  • 01.03.2019

По повод 8 Март, во Чифте амам ќе биде поставена тематска изложба „За неа“ со околу 70 дела инспирирани од жената, кои Националната галерија на Македонија ги има во својата колекција.

-Соочени со темите од историјата на уметноста каде жената е постојано присутна, од предисторијата преку антиката, хуманизмот и ренесансата, па сè до модернизмот и рецентноста, во македонската и регионалната модерна и современа уметност среќаваме сцени каде жената е непресушна инспирација за уметниците. Со почит кон светскиот ден на одбележувањето на борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност, на изложбата ќе бидат претставени дела на уметниците низ чија призма на гледање е претставена жената во сета своја убавина како мајка, идеал, борец, инспирација, љубовница, посакување…, соопшти НГМ.

 

Back To Top