skip to Main Content

Жулиет Бинош во француската комедија „Двоен живот”

Жулиет Бинош во француската комедија „Двоен живот”
  • 10.10.2019

Француската, меѓународна ѕвезда и добитничка на Оскар, Жулиет Бинош (Англиски Пациент)  се најде во новата комедија на режисерот Оливие Асаја „Двоен Живот” -приказна за неизбежноста на дигиталната револуција и сите предизвици кои ги носи за сите. Филмот кој е номиниран на минатогодишниот филмски фестивал во Венеција ќе се најде на редовниот репертоар на нашите кина од 10 септември.

Филмот прави паралела меѓу младата генерација, која не е подготвена да се откаже од предизвиците на новата технологија и онаа постарата генерација која сеуште ја прифаќа класичната литература и издавачката дејност. Возрасните веруваат дека никогаш нема да станат излишни, а модерните трендови ги гледаат како егзистенцијални закани.

Новиот филм со Жулиет Бинош е потполна фикција, измислена драма чиј наслов има двојно значење. Приказната го следи успешниот париски издавач Алан, кој се труди да се прилагоди на дигиталната револуција и се двоуми за идејата на својот пријател да го издаде својот ракопис. Леонардо, писател боем, во рацете има уште еден ракопис – автофикција за афера со славна личност. Додека се борат со средновечната криза, технолоѓките промени и односите со своите жени, двајцата влегуваат во проблеми за кои не се ни свесни.

Од четврток 10 октомври „Двоен Живот” ќе се најде на редовниот репертоар во Синеплекс, Милениум и 3Д кино Битола.

Back To Top